НОВА БЛАМАЖА ВО ЛШ: ПОРТО СО ДЕСЕТ ИГРАЧИ ГО ЕЛИМИНИРА ЈУВЕНТУС!

НОВА БЛАМАЖА ВО ЛШ: ПОРТО СО ДЕСЕТ ИГРАЧИ ГО ЕЛИМИНИРА ЈУВЕНТУС!

Фудбалерите на Јувентус доживеаја нова бламажа во Лигата на шампионите, откако запишаа пирова победа против Порто од 3-2 (2-1 по регуларните 90 минути). Гостите поведоа со гол од белата точка, па следеше двострел на Киеза, а потоа продолженијата понудија драма со португалско славје на крајот.

  • Јувентус – Порто (3-2):

Мерих Демирал направи пенал уште во 19. минута, кога Порто поведе со 0-1, а сигурен реализатор беше Серхио Оливеира. Португалците играа добро, имаа уште неколку шанси преку Тареми и Оливеира, но Шчезни беше присебен, додека на спротивната страна Мората во два наврати изнуди одбрани од Маркезин.

На стартот од продолжението, Федерико Киеза со прецизен удар донесе израмнување, па од 49. минута на семафорот на „Алианџ Стадион“ стоеше 1-1. Мехди Тареми доби два жолти картони за две минути, што беше одлична вест за Јуве, а очигледно најрасположен за игра беше Киеза. Италијанецот прво ја погоди стативата, па со глава го комплетира пресвртот и погоди за 2-1 во 63. минута.

Порто парираше, не дозволи Јуве лесно да дојде и до трет гол, но тоа му успеа на Мората во судиското надополнување. Сепак, за среќа на португалскиот тим, голот беше поништен поради офсајд, а во завршницата Квадрадо погоди пречка.

Првото продолжение од 15 минути не понуди возбудувања, но екипите се оддолжија во второто. Јуве притисна, ама Порто беше тимот кој поведе. Течеше 115. минута кога Серхио Оливеира стрела за 2-2, директно од слободен удар од голема далечина, со незгоден удар по земја. „Старата дама“ веднаш одговори, преку Адриен Рабио кој погоди со глава ја врати позитивата (3-2), но до крајот немаше сили да постигне уште еден гол и доживеја елиминација.

Борусија Дортмунд одигра нерешен дуел со Севиља (2-2), резултат кој германскиот тим го одведе во четвртфиналето по победата на гости од 3-2. „Милионерите“ поведоа со два голови, но Ен Несири донесе израмнување.

  • Борусија Дортмунд – Севиља (2-2):

Борусија на првиот гол чекаше до 35. минута, а стрелец беше Ерлинг Халанд по асистенција на Ројс. На стартот од продолжението Норвежанецот имаше и еден поништен погодок, за подоцна да реализира пенал (2-0). Од белата точка погоди и Ен Несири во 69. минута, а во 96. донесе израмнување и ги постави конечните 2-2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *