ВИДЕО: БАРСА НЕМАШЕ „МУНИЦИЈА“, ПСЖ СО РЕМИ ДО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО ЛШ!

ВИДЕО: БАРСА НЕМАШЕ „МУНИЦИЈА“, ПСЖ СО РЕМИ ДО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО ЛШ!

Фудбалерите на ПСЖ одиграа според планот, не загубија и со реми од 1-1 против Барселона се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Гостите од Шпанија беа подобар ривал, немаа сили за епски кам-бек, бидејќи парижани имаа предност од 4-1 по првиот меч. Сепак, Барса има за што да жали, имаа бројни шанси, промашен пена, се тресеше гредата и целосна доминација на „Паркот на принцовите“, но сепак одиграа само реми. 

  • ПСЖ – Барселона (1-1):

Иако ПСЖ беше во подредена улога, успеа да дојде до предност. Ленгле без потреба го нагази Икарди, па Тејлор по прегледот на снимката досуди на белата точка. Сигурен од 11 метри беше Килијан Мбапе и на семафорот од 31. минута стоеше 1-0 за ПСЖ. За израмнување се погрижи Лионел Меси. Првата ѕвезда на Барселона се најде осамен на околу 25 метри и со одличен „проектил“ го матира Навас за 1-1 во 37. минута. До паузата Меси можеше и целосно да го сврти резултатот, но промаши пенал.

По полувремето, Барса тргна во исто темпо, притискаше и беше опасна, ама головите изостанаа. Кејлор Навас беше одличен меѓу стативите, ги бранеше ударите на Меси и Бускец, а на спротивната страна Мбапе можеше да донесе победа и ја стресе пречката во финишот.

Екипата на Ливерпул ја оправда фаворитската улога и покрај проблемите успеа со нова победа од 2-0 да го елиминира РБ Лајпциг. Германскиот тим кој минатата сезона направи подвиг и играше полуфинале, овојпат немаше среќа и налета на англискиот првак.

  • Ливерпул – РБ Лајпциг (2-0):

Лајпциг играше добро, имаше шанси да направи нешто на реваншот во Будимпешта, но не успеа да го пронајде патот до мрежата. Казната за тоа стигна во второто полувреме, кога првите ѕвезди на „црвените“, Салах и Мане со два погодоци го решија натпреварот и обезбедија место за Ливерпул во четвртфиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *