МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДИМИТРИОСКИ ЗА ДВОМЕЧОТ СО ДАНСКА

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДИМИТРИОСКИ ЗА ДВОМЕЧОТ СО ДАНСКА

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, за двомечот со селекцијата со Данска во рамките на квалификациите за ЕП, нема да може да смета на услугите на левото крило Димитар Димитриоски. Членот на Вардар поради болки во коленото е ослободен од обврските и со него нема да се ризикува, за да не дојде до посериозна повреда.

23-годишниот прилепчанец беше дел од македонската селекција на последното Светско првенство во Египет, Со откажувањето на Димитриоски, сега Лазаров на левата крилна позиција на располагање ќе ги има Манасков и Кузманоски.

Првиот дуел меѓу Македонија и Данска се игра со почеток од 20:00 часот, додека вториот меч се игра во Алборг, в недела од 16:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *