„ДИЗНИ+“ ГИ ОТСТРАНИ ПЕТАР ПАН И ДАМБО ПОРАДИ РАСИЗАМ

„ДИЗНИ+“ ГИ ОТСТРАНИ ПЕТАР ПАН И ДАМБО ПОРАДИ РАСИЗАМ

Стриминг платформата „Дизни+“ ги отстрани „Петар Пан“, „Дамбо“, „Аритсокетс“ и „Фамилијата Робинсон“ од профилите на деца поради расистичките прикази кои ги има во филмовите.

„Локалните рејтинзи и културните чувствителности може да значат дека може да има некои варијации во достапноста на специфични наслови во различни региони. Насловите со предупредување поврзано со негативен приказ или лош третман на луѓе или култури се исклучени од програмата за деца“, велат од Дизни

Најавата за ваквата промена доаѓа непосредно откако компанијата ја започна својата „Stories Matter“ иницијатива. Како дел од напорите, компанијата креираше група на експерти кои ќе ги советуваат во врска со своите содржини и како тие да почитуваат и претставуваат глобална публика.

На почетокот на овие проблематични филмови има предупредување кое гласи:

„Оваа програма содржи негативни прикази и/или лошо претставување на луѓе или култури. Овие стереотипи биле погрешни тогаш и се погрешни сега. Наместо да ја отстраниме содржината, сакаме да го препознаеме негативното влијание, да научиме од него и да започнеме дискусија за да креираме поинклузивна иднина заедно. Дизни е посветено кон креирање приказни со инспиративна тематика кои ја потенцираат богатата разновидност на човековото искуство ширум светот“

Слични промени се очекува да претрпат и забавните паркови на Дизниленд ширум планетата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *