REDDIT ПРИКАЗНИ: ДЕНЕС ЗА*БАВ КОГА ЈА ОТКОРНАВ ПЕРИКАТА НА ДЕВОЈКА

REDDIT ПРИКАЗНИ: ДЕНЕС ЗА*БАВ КОГА ЈА ОТКОРНАВ ПЕРИКАТА НА ДЕВОЈКА

Нова недела, време за нова Reddit приказна од r/tifu. Со текот на времето, најдени се различни начини како да се надомести за нештата што ни фалат, барем физички. Некогаш дури и нема да приметиме дека таа убавина била вештачка. Така е случајот со u/chemcove.

„Во последно време онака се гледав со една девојка неколку недели. Имаме спиено заедно во минатото, но беше кратко, ништо хардкор бидејќи ни беше прв пат заедно.

Јас сум тип што сака кога е малку погрубо, сакам да сум доминантен, разговаравме со девојката пред неколку дена околу дали таа е ок со тоа или не. Таа се согласи и решивме да биде малку „повалкано“ следниот пат кога ќе се видиме.

Денес, отидов кај неа дома, гледавме филм и се дружевме, нештата потоа почнаа да се распламнуваат. Почнавме да имаме секс на нејзиниот кауч, и навистина се внесов во моментот, исто и таа – кога наеднаш ја повлеков за коса. Наскоро сфатив дека целата нејзина коса е во мојата рака. Се замрзнав, не можев да разберам што се случи. Таа ме погледна со широко отворени очи и бев преплашен.

Ми рече дека косата ѝ паѓала, не ми кажала дека нејзината коса всушност била перика (очигледно добра перика бидејќи никогаш не знаев).

Облакањето потоа беше толку непријатно, нормално дека не продолживме и се засрамив. Си заминав без да кажам ништо, но што може да се каже во ваква ситуација кога на некого сте ја откорнале целата коса?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *