СТРАНИЦА ЗА ВОЗРАСНИ НА ДРЕСОВИТЕ НА ИНТЕР?

СТРАНИЦА ЗА ВОЗРАСНИ НА ДРЕСОВИТЕ НА ИНТЕР?

Еден од најголемите италијански фудбалски клубови, Интер добиле понуда за „спонзорство на дресовите“ во вредност од 28 милиони долари од страна на страницата за возрасни „Стрипчет“, пишуваат Дејли Стар.

Според весникот, ова доаѓа откако се ближи крај на 26-годишната соработка на Интер и компанијата за гуми, Пирели. Ова го привлекло вниманието на Макс Бенет, заменик директорот на „Стрипчет“.

„Додека разговарате со нови спонзори околу попрофитабилни зделки за спонзори на дресовите, би сакал во разговорот да ја ставам „Стрипчет“ – една од најдобрите сајтови за возрасни во живо, пред веб-камерите. Нашата понуда е да платиме 28 милиони долари да бидеме спонзорот кој ќе се најде на дресовите на Интер. Нашите фанови имаат голем број заеднички нешта“, наводно напишал Макс Бенет

Тој исто така додал дека ова би била одлична можност за тие да поседуваат дел од еден од највредните спортски имиња и да го зголемат знаењето на јавноста за „Стрипчет“ преку легитимни пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *