ПОРАДИ ГОЛ ВО 94. МИНУТА ОСТАНАЛ БЕЗ 250.000 ФУНТИ

ПОРАДИ ГОЛ ВО 94. МИНУТА ОСТАНАЛ БЕЗ 250.000 ФУНТИ

Додека вие се нервирате дека во кладилница за уплата од 20 денари, еден натпревар ве спречил да „фатите“ 2000 денари, вториот гол на Челзи вчеравечер против Атлетико Мадрид за еден човек значеше пропуштена шанса за 250.000 фунти заработка.

Во играта на Скајспортс наречена „Супер шест“, треба да погодите шест точни резултати за да добиете џек-пот од 250.000 фунти. 

Еден несреќник имаше погодено пет точни резултати и беше на неколку секунди да го погоди и точниот резултат на натпреварот помеѓу Челси и Атлетико Мадрид. Неговата прогноза беше дека конечниот исход ќе биде 1-0.

Но, како за беља, Емерсон во последната секунда од средбата погоди за 2-0. Како е расположен човекот денес, не сакаме да знаеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *