ЛШ ЖРЕПКА: БАЕРН И ПСЖ ВО РЕПРИЗА НА ФИНАЛЕТО, РЕАЛ НАЛЕТА НА ЛИВЕРПУЛ

ЛШ ЖРЕПКА: БАЕРН И ПСЖ ВО РЕПРИЗА НА ФИНАЛЕТО, РЕАЛ НАЛЕТА НА ЛИВЕРПУЛ

Откако во вторникот и средата беше комплетирана четвртфиналната „сложувалка“, во седиштето на УЕФА во Нион денес се одржа и ждрепката за фазата на осум најдобри екипи. Конкуренцијата во четвртфиналето е огромна, па немаше сомнение дека ќе се играат големи пресметки. Ждрепката беше без никакви ограничувања, немаше носители и секој можеше да го добие секого. 

Најголемо изненадување во оваа фаза на натпреварувањето е Порто, кој го исфрли Јувентус а како „најлесен“ ривал во четвртфиналето беше посакуван од сите, но го доби Челзи. Томас Тухел направи ренесанса во лондонскиот гигант, па заслужено му се насмевна среќата и го доби номинално најлесниот противник.

Среќата на жрепката нас гледачите не удостои со шанса за феноменален незаборавен фудбал, откако судбината на мегдан ги стави големите европски великани Реал Мадрид и Ливерпул, како и Баерн Минхен и ПСЖ. Реал Мадрид беше потпросечен во двомечот со Аталанта, но неговото европско „педигре“ е доволна причина секој противник да се плаши од кралскиот клуб. Ливерпул има очајна сезона во националниот шампионат, но во Европа игра во сосема други системски поставки, па се очекува тесна борба. Баерн Минхен предводен од Ханси Флик „гази“ се пред себе и во Европа и во Германија, а ПСЖ заслужи да се смета за сериозен противник, откако на големата Барселона не и даде шанса, макар во еден момент да го направи двомечот неизвесен.

Манчестер Сити и Дортмунд се две екипи кои играт сличен брз и сочен фудбал, со акцент на високо поставениот напад и притисок на задната дефанзивна линија на противникот. Титулата на Гвардиола во националниот шампионат е речиси неминовна, па со право го носи епитетот фаворит во двомечот, иако Дортмунд шанса за утеха од „климавата“ сезона во Бундес Лигата ќе бара токму во Европа.

  • Четвртфинални парови во ЛШ:
May be an image of text that says "CHAMPIONS LEAGUE QUARTER-FINAL DRAW C LIVERPOOL EST-1892 CBAYERN MUNCHEN PARIS SAINT INT GERMAIN MANCHESTER 94 CITY BVB 09 9ก 血色 CHELSEA FOOTYROOM.COM 8 8 FOOTBAL CLUB #UCL"

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Ждрепката веќе ги одреди и потенцијалните полуфинални парови, а фазата пред финалето ќе започне на 27 и 28 март, со возвратни дуели една седмица подоцна. 

Мечот за трофејот во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21 ќе се одигра на 29 мај во Истанбул на популарниот „Ататурк“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *