ВИДЕО: ЕВЕРТОН НЕ ИЗДРЖА, СИТИ ЌЕ ИГРА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ФА КУПОТ!

ВИДЕО: ЕВЕРТОН НЕ ИЗДРЖА, СИТИ ЌЕ ИГРА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ФА КУПОТ!

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на ФА Купот, откако во завршните минути победија на „Гудисон Парк“ кај Евертон со 0-2 (0-0).

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

„Граѓаните“ имаа целосна доминација, но долго не успеваа да го пронајдат патот до мрежата. Иако Анчелоти и Пеп Гвардиола не истрчаа со полни сили и одморија неколку првотимци, натпреварот во Ливерпул беше содржаен, но на голови се чекаше до самата завршница.

Првото полувреме воопшто не понуди добри шанси, а во продолжението Сити се закани преку Стерлинг и два пати преку Фоден, а еднаш се тресеше и пречката. Резултатот го отвори Илкај Гундоган во 84. минута, реализирајќи по одбиена топка, додека во 90. Кевин Де Брујне ги постави конечните 0-2, за пласман на Сити во наредната рунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *