ШИЛЕГОВ: СО БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО ПОЧИСТА СРЕДИНА И ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ

ШИЛЕГОВ: СО БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО ПОЧИСТА СРЕДИНА И ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ

Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт – Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 km и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 km со 20 автобуски станици.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“ ги образложува придобивките од проектот за брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“:

„Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила.“

Шилегов укажува дека зголемениот број луѓе кои користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

Брзиот автобуски превоз (БРТ) овозможува посебна траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај и е воведен во стотици градови ширум светот. Според Шилегов, „БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *