НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН ЧЕСТЕР БЕНИНГТОН, ФРОНТМЕНОТ НА ЛИНКИН ПАРК

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН ЧЕСТЕР БЕНИНГТОН, ФРОНТМЕНОТ НА ЛИНКИН ПАРК

Честер Чарлс Бенингтон (роден на 20 март 1976 година, Феникс, Аризона, САД – 20 јули 2017 година, Лос Анџелес, Калифорнија, САД-почина на 20 јули 2017) беше американски рок-музичар, текстописец, музичар и актер. Се прослави како вокал на групата „Linkin Park“, „Grey Daze“ и „Dead By Sunrise“.

Неговата мајка работела како медицинска сестра, додека татко му бил полициски детектив кој работел со деца жртви на сексуално насилство и често работел во две смени. Родителите на Бенингтон се развеле кога имал 11 години, грижата за него ја презел неговиот татко. После разводот, почнал да користи многу наркотици како кокаин, метамфетамин, опиум, алкохол, марихуана, и ЛСД.

На 17 години, Бенингтон се преселил да живее со мајка му, која откако дознала дека користи дрога му забранила да излегува од дома. Работел во Бургер Кинг пред да започне неговата професионална кариера како музичар. Во меѓувреме, Честер успеал да ја преброди зависноста од дрогата, и во едно од неговите интервјуа најавил дека ќе се откаже од користењето дрога.

Во едно интервју, открил дека бил сексуално злоставуван од страна на негов повозрасен другар на седум годишна возраст. Честер плашејќи се не побарал помош затоа што не сакал луѓето да мислат дека е хомосексуалец или дека лаже, па така злоупотребата продолжила се додека не наполнил 13. Злоупотребата и ситуацијата дома му влијаеле толку силно што чуствувал потреба „да убива луѓе“ и да побегне. За да се утеши, почнал да слика, да пишува поезија и песни. Тој подоцна го открил идентитетот на насилникот на неговиот татко, но решил да не го продолжува случајот затоа што сфатил дека насилникот бил исто така жртва.

Бенингтон првпат се прослави како вокал по објавувањето на деби албумот на Линкин Парк, „Hybrid Theory“ (2000), што постигна светски комерцијален успех. Албумот беше сертифициран од Здружението на индустрија за снимање на Америка во 2005 година, што го прави најпродаван деби албум во деценијата, како и еден од ретките деми албуми што достигнале продажба од над 10 милиони копии. Следните студиски албуми на Линкин Парк, од Метеора (2003) до „One More Light“ (2017), го продолжија успехот на бендот. Во своето досегашно постоење, бендот продаде 70 милиони албуми!

Честер формираше свој бенд Dead by Sunrise како спореден проект во 2005 година. Деби-албумот на групата, Out of Ashes, беше издаден на 13 октомври 2009 година. Тој стана вокал на Stone Temple Pilots во 2013 година за да го објави EP High Rise. На 20 јули 2017 година, Бенингтон беше пронајден мртов во неговиот дом во Палос Вердес Естејтс, Калифорнија; неговата смрт беше проценета како самоубиство со бесење.

Од страна на неколку публикации Бенингтон е признат како еден од најголемите рок вокали на неговата генерација. Списанието „Хит Парадер“ го рангираше Бенингтон на 46. место на нивната листа на „100 метал вокалисти на сите времиња“. Во статија за Билборд, Дан Вајс изјави дека Бенингтон „го свртел метал универзумот наопаку“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *