ПМФЛ: ШКЕНДИЈА СО ШЕСТ ГОЛОВИ ГО ПРЕГАЗИ ВАРДАР ЗА КЛУПСКИ РЕКОРД!

ПМФЛ: ШКЕНДИЈА СО ШЕСТ ГОЛОВИ ГО ПРЕГАЗИ ВАРДАР ЗА КЛУПСКИ РЕКОРД!

Фудбалерите на Шкендија го добија дербито на 24. коло, откако со огромни 1-6 победија на националната арена „Тодор Проески“ против Вардар. Иако „црвено-црните“ поведоа, лидерот покажа искуство и надмоќ, па до крајот го прегази лутиот ривал.

  • Погодоците од дербито на ПМФЛ:

Резултатот го отвори Мартин Мирчевски уште во 11. минута од средбата. Офанизвецот проби низ средината и атрактивно стрела за 1-0 на Вардар. Реакцијата на тетовчани беше два голови во мрежата на Илиќ за седум минути. Рамадани израмни, а Бесарт Ибраими во 34. минута го сврте резултатот од пенал.

Во второто полувреме за десет минути игра Шкендија поведе со огромни 1-4 и го најави дебаклот. Ибраими го запиша својот втор погодок на мечот во 49, додека во 55. минута Љупче Дориев зголеми. До крајот на мечот тетовчани дадоа уште два голови, преку Хебај и елези за огромна рекордна победа над Вардар.

Интересен натпревар одиграа Силекс и Шкупи во Кратово, каде што на снегот скопјани победија со пресврт (1-3). Каракамишев го отвори резултатот по 15. минути игра, а Абдул израмни пред паузата. Диак и Региналдо беа творци на победата за чаирчани, за на крајот сигурна победа во Кратово.

На останатите терени Академија Пандев со голот на Велиновски уште во првиот дел дома ја совлада Струга Трим Љум (1-0), Македонија ЃП во 93. минута преку Робсон Да Силва дојде до три бода кај Ренова (1-2), откако претходно Шефити и Алексовски погодуваа, а бодовите ги поделија Беласица и Работнички (1-1), каде погодуваа Гуџуфи и Петковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *