ВИДЕО: БАРСА ГАЗИ ВО ШПАНИЈА, ОД БАСКИЈА СИ ОДИ СО „ШЕСТКА“

ВИДЕО: БАРСА ГАЗИ ВО ШПАНИЈА, ОД БАСКИЈА СИ ОДИ СО „ШЕСТКА“

Фудбалерите на Барселона одиграа нова моќна партија во домашното првенство и со „шестка“ победија на гостувањето кај Реал Сосиедад(1-6), во последниот дуел од 28 коло на Примера. Каталонците на „Сан Мамеш“ покажаа надмоќ, уште на полувреме водеа со два голови, а во продолжението продолжија да го „газат“ ривалот. 

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Долго немаше голови во Баскија, резултатот го отвори Антоан Гризман во 37. минута користејќи ја лошо одбиената топка (0-1). Пред паузата, меѓу стрелците се запиша и Сержињо Дест, кој стрела за 0-2. Меси одлично го следеше движењето на младиот бек, му ја протна топката, а Дест лесно погоди. 

На стартот од продолжението, својот втор гол го запиша Дест, а погоди и Лионел Меси, па бргу предноста од паузата се удвои (0-4). Барса имаше поништен гол на Дембеле, а Французинот се погрижи да даде уште еден. Почесен погодок за Сосиедад постигна Берентексеа, а во финишот втор пат стрела и Меси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *