ВИДЕО: ИХЕАНАЧО Е ХЕРОЈ, ЛЕСТЕР ПРЕКУ ЈУНАЈТЕД ДО ПОЛУФИНАЛЕ НА ФА КУПОТ!

ВИДЕО: ИХЕАНАЧО Е ХЕРОЈ, ЛЕСТЕР ПРЕКУ ЈУНАЈТЕД ДО ПОЛУФИНАЛЕ НА ФА КУПОТ!

Екипата на Лестер е последниот патник во полуфиналето на ФА Купот, откако на својот „Кинг Пауер“ го победи Манчестер Јунајтед со 3-1 (1-1). Иако Солскјер се реши за комбиниран состав, се очекуваше поголема борба против „лисиците“ кои релативно лесно дојдоа до победата. 

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Лестер успеа да поведе во 24. минута, Келечи Ихеаначо беше добро поставен и го искористи киксот во дефанзивата на Јунајтед, па стрела во празната мрежа (1-0). Иако гостите не беа многу опасни, успеаја да израмнат пред паузата преку Мејсон Гринвуд (1-1).

Сепак, веднаш на стартот од вториот дел Јури Тилеманс со добар удар го матира Хендерсон за 2-1 по само седум минути игра. „Ѓаволите“ немаа решение за домаќинот, а Лестер можеше и поубедливо да поведе со двете шанси на Варди. Натпреварот го реши човекот кој го отвори, Ихеаначо, по центаршут на Олбрајтон со глава стрела за конечните 3-1.

Покрај Лестер, денес пласман во полуфиналето завери и Челзи кој го победи Шефилд Јунајтед (2-0), а вчера Саутемптон и Манчестер Сити „чекира“ билети за следната рунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *