ВИДЕО: ПУЛГАР ПОГОДИ ОД СЛОБОДЕН, НО МИЛАН ЈА „ОСВОИ“ ФИРЕНЦА

ВИДЕО: ПУЛГАР ПОГОДИ ОД СЛОБОДЕН, НО МИЛАН ЈА „ОСВОИ“ ФИРЕНЦА

Фудбалерите на Милан победија на тешкото гостување на „Артемио Франки“ со 2-3 (1-1), со што го искористија киксот на Јувентус и неиграњето на Интер, па се приближија на минус шест до врвот во Серија А.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Средбата во Фиренца беше исклучително содржајна, бидејќи освен петте погодоци понуди и многу шанси на двете страни, а неколку пати се тресеше и рамката од двата гола. Милан прв поведе, па „виола“ врати со пресврт, но „росонерите“ успеаја во својата намера и победија на крајот. 

Предност за Милан прв донесе Златан Ибрахимовиќ, откако реализира од зицер позиција за 0-1. „Виола“ бргу врати, Ерик Пулгар стрела директно од слободен удар и веќе во 17. минута беше 1-1. На стартот од второто полувреме, пресвртот на Фиорентина го потврди Франк Рибери, по асистенција на Влаховиќ (2-1).

Сепак, следеше реакција на Милан и брз гол за израмнување, а стрелец беше Брахим Диаз, интересно, од втората асистенција на Симон Кјаер. До крајот на мечот „росонерите“ успеаја и да победат, преку голот на Хакан Чалханоглу кој по пас од Кеси пласира крај Терачано (2-3).

Милан по 28 одиграни натпревари има 59 бодови и е втор, со шест помалку од Интер и четири повеќе од Јувентус кои имаат меч помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *