МЕРТЕНС ЈА РЕШИ РОМА, НАПОЛИ И ЕЛМАС ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЛШ! (ВИДЕО)

МЕРТЕНС ЈА РЕШИ РОМА, НАПОЛИ И ЕЛМАС ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЛШ! (ВИДЕО)

Екипата на Наполи се врати со „полна пареа“ во битката за Лигата на шампионите, откако по Милан минатата седмица, ја победи и Рома на „Олимпико“ со 0-2 (0-2). Средбата од 28. коло на италијанската Серија А ја реши Мертенс, со два погодоци за седум минути го одведе својот тим на недостижна позитива. 

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Белгијскиот репрезентативец го отвори резултатот во 27. минута, со гол директно од слободен удар. Мертенс имаше шанса од околу 20 метри одлево, биеше во страната на голманот и го измами Пау Лопез (0-1). Репрезентативецот на Белгија само седум минути подоцна го постигна и својот втор гол, откако Инсиње нафрли на втората статива до Политано, а Италијанецот ја врати до самениот Мертенс (0-2). 

Во продолжението, Наполу мудро ја затвори и „умртви“ играта во Рим, па до крајот на мечот немаше премногу возбудувања. Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас мина околу 20 минути на теренот, но немаше премногу задачи во офанзивата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *