ВИДЕО-АРСЕНАЛ ОД ТРИ ГОЛА НЕГАТИВА ДО БОД НА ГОСТИ КАЈ ВЕСТ ХЕМ!

ВИДЕО-АРСЕНАЛ ОД ТРИ ГОЛА НЕГАТИВА ДО БОД НА ГОСТИ КАЈ ВЕСТ ХЕМ!

Во 29. коло од англиската Премиер лига, во големото лондонско дерби, Арсенал и Вест Хем го одиграа убедливо најатрактивниот натпревар оваа сезона, кој на крајот заврши со резултат 3-3.

„Чеканите“ играат сезона од соништата, за која најзадолжен е Дејвид Мојс, токму човекот кој го донесе тренерот на Арсенал, Микел Артета, во англискиот фудбал, кога го донесе во Евертон во 2005 година.

Вест Хем одлично ја отвори средбата, па по 30-тина минути игра веќе водеа со 3-0! Арсенал веќе повеќе од една деценија е окарактеризиран како тим со страшни промени во формата и дисциплината во играта, а тоа се манифестираше и на оваа средба, која ја започнаа целосно несериозно и изгубено. За Вест Хем во првото полувреме стрелаа Џеси Лингард, Боуен и Соучек. Лингард иако беше тотален аутсајдер на клупата на „црвените ѓаволи“, потполни се прероди под Дејвид Мојс, па одигра уште една средба во која го оправда повикот од Герет Саутгејт во англиската репрезентација. Сепак, пред крајот на првиот дел, Александер Лаказет, кој беше убедливо играч на натпреварот за Арсенал, со силен удар ја намали предноста на 3-1.

Во вториот дел, како да истрчаа други единаесетмина облечени во дресовите на Арсенал. „Топџиите“ изгледаа застрашувачки, налутени и одлучни да си свртат работите наопаку. Ваквиот пристап резултираше со паника во редовите на Вест Хем, а тоа Арсенал го валоризираше во 61. минута кога Доусон си даде автогол за 3-2.

Момците на Микел Артета продолжија со висок притисок, што резултираше со 80% посед на топката за Арсенал. Лаказет беше во елемент целите 90 минути, а таквиот извонреден настап во потврди со голот за израмнување во 82. минута, кога ја заби топката со глава во мрежата зад Фабијански за конечни 3-3.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *