ИНЗАГИ ГО ШОКИРАШЕ ПРИЈАТЕЛОТ ПИРЛО, ЈУВЕНТУС ПОРАЗЕН ОД БЕНЕВЕНТО! (ВИДЕО)

ИНЗАГИ ГО ШОКИРАШЕ ПРИЈАТЕЛОТ ПИРЛО, ЈУВЕНТУС ПОРАЗЕН ОД БЕНЕВЕНТО! (ВИДЕО)

Иако „Старата дама“ имаше супер шанса да ја искористи слабата форма на Милан и да се искачи на второто место на табелата, Пипо Инзаги со својот Беневенто на гости во Торино го спречи Јувентус да капитализира на слабата форма на своите конкуренти.

Херој на тимот на Филипо Инзаги беше Аргентинецот Родолфо Гаич, кој погоди во мрежата на актуелниот шампион во 69-тата минута.

Лацио славеше на гости кај Удинезе со 1-0 благодарение на голот на Адам Марушиќ во 37-та минута од натпреварот.

Сампдорија против Торино заврши со идентичен резултат 1-0. Поранешниот играч на Интер, Антонио Кандрева беше стрелец на победничкиот гол за домашните. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *