МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА НАД ГРЦИЈА ЗАМИНУВА КАКО ПРВОПЛАСИРАНА НА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ

МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА НАД ГРЦИЈА ЗАМИНУВА КАКО ПРВОПЛАСИРАНА НА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ

Женската ракометна репрезентација на Македонија победи во сите три натпревари од претквалификацискиот турнир во Скопје и како првопласирана ќе заминат во баражот за пласман на СП 2021. Откако реализираа Исланд и Литванија, ракометарките вечерва ја надиграа и Грција со 20:19.

Сепак, по слабото прво полувреме тие најдоа сили за далеку поквалитетни втори 30 минути со кои Македонија стигна до триумф над јужниот сосед. Во еден период од првото полувреме, Грција имаше и предност од 13:8. Меѓутоа, со стартот на второто полувреме, Мицевска беше беспрекорна на голот и ѝ даде живот на македонската репрезентација. Покрај Мицевска, најзаслужна за големата победа беше Сара Ристовска со десет постигнати гола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *