REDDIT ПРИКАЗНИ: ДЕНЕС ЗА*БАВ КОГА ДАДОВ ИНФОРМАЦИИ ОД КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА

REDDIT ПРИКАЗНИ: ДЕНЕС ЗА*БАВ КОГА ДАДОВ ИНФОРМАЦИИ ОД КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА

Информациите на нашата кредитна картичка имаат еднакво големо значење како нашите лични документи, па затоа не правете грешка како u/Dabrigstar и внимавајте на кого ги давате вашите информации.

„Пред неколку месеци имав еден состанок со девојка која ја сретнав во бар. Барот беше „припеј“, па за да можеш да нарачаш треба да ја симнеш нивната апликација и да можеш да го видиш нивното мени и потоа кога ќе нарачаш треба да внесеш детали од кредитната картичка за да платиш.

Па, кога дојде време да се плати, не сфатив дека на ваков начин работи и имав проблеми симнувајќи ја апликацијата и таа ми го даде нејзиниот телефон. Ми рече да ги внесам деталите на нејзината апликација, а јас го сторив тоа без да размислам.

Не ја видов повеќе после тој состанок, едноставно не си одговаравме, мојата љубов кон видеоигрите таа го гледаше како нешто детско и состанокот беше ужасен. Ја проверив мојата сметка денес и дознав дека последните два месеци има редовно одземање на пари од картичката во барот каде што бевме. Не знаев што се случува додека не сфатив… кога ги ставив моите детали на нејзината мобилна апликација, таа сигурно ги зачувала и секој пат кога се враќала во барот, мене ми се наплаќало за нејзините пијачки.

Не мислам дека тоа го сторила намерно, мислам дека не ни сфатила, но се јавив на банката и се обидов да ја замрзнам картичката и морав да им објаснувам на луѓе од банката што се случило. Очекувано, ми се развикаа како на 5-годишно дете и со право.

Среќа што вкупниот износ од нејзините нарачки чинеше само неколку стотици долари, па дури и ако е досадно не е нешто што ќе ме остави без пари. Во кратки црти, никогаш не давајте информации од вашата кредитна картичка на туѓ телефон“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *