ЖЕНИТЕ ВО ТУРЦИЈА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЕРДОГАН

ЖЕНИТЕ ВО ТУРЦИЈА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЕРДОГАН

Илјадници луѓе се собраа на протести по одлуката на Турција да се повлечат од Договорот за заштита на жените. Тие скандираа со разни пораки кон Ердоган кој останува глув на нивните проблеми.

„Поништи ја својата одлука, смени го указот!“, скандираа илјадниците жени и мажи во Истанбул

Демонстрантите дури истакнуваа и портрети на убиени жени и транспаренти на кои пишуваше: „Жените ќе ја добијат оваа војна“

„Доста е од оваа патријархална држава. Доста од чувството на несигурност. Доста!’, кажа една од демонстрантките

Турција се повлече од Истанбулската конвенција за женските права, чија намена е да ги штити жените од насилство, а одлуката на турскиот претседател беше објавена во официјалните весници вчера наутро.

Контроверзијата околу повлекувњето од Истанбулската конвенција е фактот што таа е донесена во момент кога бројот на убиени жени веќе со години е во пораст.

Конзервативните и исламистичките групи побараа да го напушти договорот и тврдеа дека им штети на „традиционалните семејни вредности“ и дека ја фаворизира ЛГБТ заедницата.

Според организацијата Ќе го сопреме фемицидот, најмалку 300 жени биле убиени од мажите во Турција само минатата година, а 77 од почетокот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *