ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА КАРПОШ ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ И ПАДНАТИТЕ ДРВЈА

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА КАРПОШ ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ И ПАДНАТИТЕ ДРВЈА

Комуналната и зимска служба на општина Карпош работат на расчистување на новопаднатиот снег пред пофреквентните места: градинките, основните училишта, пешачките зони и сервисните улици.

Општинските хигиеничари ги расчистуваат и паднатите гранки и дрвја, кои се забележуваат во повеќе населби низ Карпош. Паралелно се расчистува во повеќе урбани заедници за да се овозможи нормално и безбедно движење на граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, на повисоките места како Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ (Козле) беше истурена сол за да се олесни сообраќајот и движењето на жителите.

Ги повикуваме сите граѓани на зголемена внимателност при движењето и на одговорно однесување во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *