ЗАОКРУЖЕТЕ ГО ДАТУМОТ: ЕВЕ КОГА ДОАЃА АЛБУМОТ НА „ПАНИНИ“ ВО МАКЕДОНИЈА!

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО ДАТУМОТ: ЕВЕ КОГА ДОАЃА АЛБУМОТ НА „ПАНИНИ“ ВО МАКЕДОНИЈА!

Официјалната подружница на светскиот бренд за албуми со самолепливи сликички „Панини“ во Македонија, го објави датумот кога популарниот албум ќе пристигне во нашата земја.

Моментот кој многу фудбалски, но и Македонци кои воопшто не следат спорт го чекаат е близу, на 5-ти април „Панини“ ќе го лансира албумот на македонскиот пазар. Ова издание за нас е посебно, бидејќи Македонија за прв пат ќе биде дел од еден албум на „Панини“, поради историскиот пласман на Европското првенство.

Во повеќе земји низ Европа албумот е веќе во продажба, а кај нас пристигнува за десетина дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *