ВИДЕО: МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАТИ ОД 2-0, НО ХАЏИ ДОНЕСЕ РОМАНСКО СЛАВЈЕ

ВИДЕО: МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАТИ ОД 2-0, НО ХАЏИ ДОНЕСЕ РОМАНСКО СЛАВЈЕ

Фудбалерите на Романија славеа триумф од 3-2 (1-0) против Македонија, на првиот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство. Романците ги казнија промашувањата, дојдоа до предност од два голови, а иако избраниците на Игор Ангеловски се вратија, Хаџи донесе романско славје.

По мирниот почеток на натпреварот со игра главно на средината од теренот, Романија го искористи киксот во дефанзивата на Македонија и поведе преку Танасе во 28. минута. До полувремето своите шанси за нас ги промашуваа Несторовски, Пандев и Елмас, па нашиот национален тим имаше за што да жали.

Веднаш на стартот од продолжението, Валентин Михаила ја удвои позитивата на Романците. Младиот фудбалер стрела на своето деби и тоа на ефектен начин, по украдена топка на средината, играчот на Парма со прецизен удар од 25 метри донесе 2-0.

Иако Македонија беше во шок, Ангеловски ги погоди замените, па кога Романија се опушти нашиот тим се врати во игра. Езџан Алиоски нафрли на пеналтикот, а таму осамен во скок беше Аријан Адеми кој со глава го матира Ница. Само 84. секунди подоцна, Александар Трајковски донесе израмнување и радост за Македонија. Барди упати топка низ средината, а фудбалерот на Мајорка искористи зицер за 2-2.

  • Головите на натпреварот:

Сепак, на наша жал предноста на Романија ја врати Јанис Хаџи. Марин го проигра синот на легендата, па Хаџи стрела за конечните 3-2. Иако Македонија даде уште еден гол, повторно преку Адеми, истиот беше поништен поради офсајд.

Веќе в недела во Скопје гостува Лихтенштајн, а наредната среда Македонија ќе игра кај Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *