КИНЕСКИ ХАКЕРИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК СЛЕДЕЛЕ УЈГУРИ ВО СТРАНСТВО

КИНЕСКИ ХАКЕРИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК СЛЕДЕЛЕ УЈГУРИ ВО СТРАНСТВО

Фејсбук блокираа група кинески хакери кои ја злоупотребуале платформата и ја користеле за да ги следат ујгурите кои живеат во странство, привлекувајќи ги со софтвер кој откако ќе влезат во него, ги заразува нивните уреди и овозможува да бидат надгледувани.

Од страна на американската компанија тврдат дека хакерите, познати како Earth Empusa, барале активисти, новинари и дисиденти кои им припаѓаат на ујгурите. Фејсбук соопшти дека има помалку од 500 такви луѓе, кои доаѓаат од кинескиот регион Синџијанг и дека живеат надвор од Кина, во земји како Турција, Казахстан, САД, Сирија, Австралија и Канада.

Фејсбук тврди дека поголемиот дел од хакерските активности се случувале надвор од платформата, но социјалната мрежа била користена за споделување линкови до заразени веб-страници.

Компанијата тврди дека групата хакери користеле лажни профили кои се претставувале како новинари, студенти, активисти за човекови права или членови на ујгурската заедница за да придобијат доверба на нивните цели, а потоа ги наведувале на малициозни веб-страници преку кои на нивните уреди бил инсталиран шпионски софтвер.

Тие додаваат дека се отстранети помалку од 100 лажни профили, како и фактот дека ги блокирале заразените домени и ги предупредиле луѓето за кои смета дека биле цел на напад.

Кина ги негира сите обвинувања и тврди дека камповите нудат стручно образование и оти се потребни за борба против екстремизмот. Обединетите нации проценуваат дека во камповите во Синџијанг се затворени до милион луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *