МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА СРУШИ РОМАНСКАТА КЛЕТВА

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА СРУШИ РОМАНСКАТА КЛЕТВА

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се соочи со Романија за да го започне новиот квалификациски циклус за пласман на СП 2022. Во сенка на пресметката на „Националната Арена“, во Букурешт полека се подготвуваат за она што ги очекува престојното лето. Натпреварите од групната фаза на Европското првенство.

На мундијалските дуели, Македонија нема среќа против Романија и во сите четири дуели има претрпено пораз. Вкупно во овие четири средби, примивме 11 гола, а постигнавме само четири.

Вечер нашите фудбалери од 20:45 часот ќе се потрудат да ја отстранат оваа романска клетва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *