МРМЕ: МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ, ВЕЛКОВСКИ НЕ Е СПРЕМЕН, А АДЕМИ ЌЕ ДОБИЕ МИНУТИ

МРМЕ: МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ, ВЕЛКОВСКИ НЕ Е СПРЕМЕН, А АДЕМИ ЌЕ ДОБИЕ МИНУТИ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го дочека Лихтенштајн во рамките на второто квалификациско коло за Светското првенство.

На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше селекторот Игор Ангеловски, кој нагласи дека Македонија е фаворит, а зборуваше и за здравјето на играчите и повредите.

„Ние апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога. Многу пати бевме во таква ситуација и покажавме дека можеме да победиме, така ќе биде и утре. Лихтенштајн е подмладен во однос на 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Сакам утре да поведеме уште од првата шанса. Не можам да им замерам на играчите за дуелот во Романија ништо, освен завршницата и процентот на реализација

Никогаш не ја делам селекцијата на поединци, за мене важно е тимот да функционира. Здравствениот билтен се подобрува во однос на Романија, Дарко Велковски се чувствува добро ама нема да игра сега, веројатно ќе може со Германија. Кога станува збор за Адеми, сè уште мора да се калкулира со неговата минутажа“, изјави селекторот.

Покрај селекторот, на пресот зборуваше и Енис Барди, кој го дели истото мислење со Ангеловски.

„Клучно е натпреварот да го сфатиме сериозно. Покажавме дека можеме да играме со многу силни селекции и за нас секој меч е важен. Ние имаме квалитет, а сега сме на Европско и поинаку не гледаат. Атмосферата секогаш е врвна, кога зборуваме очи во очи сѝ велиме дека уживаме да сме дел од репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против екипа која се брани. Тешко е да се игра против единаесет играчи во одбраната. Многу е важно да се даде гол рано, а потоа ќе видиме како ќе се движи ситуацијата“, кажа Барди

Лихтенштајн е аутсајдер во Скопје, но утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 часот на Македонија со сигурност нема да и биде лесно против ривал кој цврсто се брани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *