НАЈСТАРИОТ ХОТЕЛ НА СВЕТОТ: 1.300 ГОДИНИ ГО ВОДИ ИСТА ФАМИЛИЈА (ВИДЕО)

НАЈСТАРИОТ ХОТЕЛ НА СВЕТОТ: 1.300 ГОДИНИ ГО ВОДИ ИСТА ФАМИЛИЈА (ВИДЕО)

Јапонија е дом на безброј уникатни знаменитости, зданија, обележја, обичаи и традиции. Во оваа азиска земја постои и најстариот хотел во светот, Нишијана Онсен Кејункан, кој, верувале или не, е стар цели 1.300 години, а тоа што е уште пофасцинантно е што го управува истото семејно дрво!

Хотелот започнал со работа во 705 година, а низ него поминале 52 генерации од истата фамилија која го одржува хотелот во живот. Во 2011 година, овој хотел беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар во светот.

Нишијама Онсен Кејункан се наоѓа во подножјето на планините Акаиши во префектурата Јаманаши, а своите врати ги отворил пред 1.316 години.

Овој хотел е уникатен по тоа што добива термичка вода директно од прекрасните термални извори Хакухо, благодарение на кои гостите во своите соби имаат можност да уживаат во топли бањи, но и во јавните бањи кои се заеднички во хотелот.
Хотелот беше реновиран неколку пати, а последен пат во 1997 година, но остана традиционалниот изглед и стил, со татами, класичен мебел во секоја просторија и јапонска уметност. Дури во 2019 година бил воведен безжичен интернет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *