МАКЕДОНИЈА СО „ПЕТКА“ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН ДО ПРВО СЛАВЈЕ НА ПАТОТ КОН КАТАР! (ВИДЕО)

МАКЕДОНИЈА СО „ПЕТКА“ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН ДО ПРВО СЛАВЈЕ НА ПАТОТ КОН КАТАР! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија запиша убедлива победа против Лихтенштајн од 5-0 (1-0), во рамките на второто коло од квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Иако гостите ја задржаа Македонија на само еден гол во првиот дел, убедлива партија во продолжението донесе „петарда“ за Лихтенштајн на арената „Тодор Проески“.

Веќе во седмата минута, нашата селекција стигна до предност практично од првата шанса. Енис Барди го искористи невниманието на голманот и директно од слободен удар го матира за 1-0. Македонија имаше целосна контрола врз играта, правеше шанси и се закануваше, ама Лихтенштајнците добро се одбранија.

Веднаш на стартот од второто полувреме, Александар Трајковски за само три минути даде два погодоци. Првиот по асистенција на Барди ја смести топката во празната мрежа, а вториот беше далеку поефектен. Ристовски го проигра на околу 20 метри, Трајковски со приемот се ослободи од чуварот и погоди во поблискиот агол (3-0).

Веќе во 62. минута меѓу стрелците се запиша и Ељиф Елмас. „Бисерот“ на Македонија доби зицер шанса од Несторовски, па рутински го матира Бухел за високи четири голови предност.

Ангеловски реши да им даде шанса и на Николов, Бејтулаи, но и Хасани и Ашковски, ама ниту тоа не ја смени поставеноста на теренот. Токму врз Николов беше направен пенал, па точка на победата стави Илија Несторовски во 82. минута, откако со „паненка“ стрела за конечните 5-0.

  • Сите погодоци на натпреварот:

Време за одмор повторно нема, бидејќи веќе в среда Македонија гостува во Дуисбург кај Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *