Ангеловски: Поради реакцијата, Несторовски нема да игра со Германија!

Ангеловски: Поради реакцијата, Несторовски нема да игра со Германија!

Откако Илија Несторовски со недоличен потег по постигнатиот гол пцуеше директно во камера, со што предизвика бурни реакции на јавноста, сега се огласи и селекторот Игор Ангеловски:

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски.

Фудбалерот на Удинезе ќе замине од репрезентативниот табор и ќе мора да чека на следниот повик, во подготовките за настапот на Европското првенство и неколкуте најавени тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *