АНГЕЛОВСКИ: ОВАА ПОБЕДА Е ДО СИТЕ ШТО МЕ ОМАЛОВАЖУВАА

АНГЕЛОВСКИ: ОВАА ПОБЕДА Е ДО СИТЕ ШТО МЕ ОМАЛОВАЖУВАА

Селекторот Игор Ангеловски и тек како треба да се гордее од успехот што го донесе на македонскиот фудбал. Денешниот триумф за него е еден од најслатките и го посвети токму на сите што го омаловажуваа и се надева дека истите ќе се освестат.

Иако не го спомна директно, јасно е дека станува збор за лошите односи кои Ангеловски ги има со првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, како и другите челници на федерацијата.

„Поздрав до сите што ме/нѐ омаловажуваа, еве им сега шанса и тие да се радуваат. Јас прифаќам критики, работам јавна работа, ама не прифаќам омаловажувања и посебно опструкции. А, сите знаете кој во последно време сакаше да не омаловажи и опструира. Се надевам дека ќе се свестат и ќе видат што направивме и каков тим е ова. Ова е победа за целиот народ во Македонија. Кога еден Јоаким Лев ќе дојде и ќе ви честита, кога пред мечот ќе ви одаде признание дека добро сте работеле пет години, мислам дека сѐ е јасно“, рече Ангеловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *