ГОЛЕМ ТРАНСФЕР НА ПОВИДОК- РАЈОЛА И ТАТКОТО НА ХАЛАНД ПРИСТИГНАА ВО КАТАЛОНИЈА!

ГОЛЕМ ТРАНСФЕР НА ПОВИДОК- РАЈОЛА И ТАТКОТО НА ХАЛАНД ПРИСТИГНАА ВО КАТАЛОНИЈА!

Менаџерот Мино Рајола и таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд и најдобриот млад напаѓач на светот, Ерлинг Халанд, утрово пристигнале во Каталонија, со цел во централата на Барселона да се состанат со претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта.

Лапорта и во својата претседателска кампања откри дека неговите односи со Рајола се одлични и дека ќе го искористи тоа за да го донесе норвешкиот „вундеркид“ на Камп Ноу.

Најдобриот спортски светски новинар, Фабрицио Романо, ја информираше јавноста на своите социјални профили дека преговорите оделе во позитивен правец и дека постои желба кај Халанд да го направи трансферот. Очигледно умот на младиот Ерлинг е токму таму, имајќи предвид дека три натпревари едноподруго не успеа да ја затресе мрежата, на средбите кои Норвешка ги одигра во склоп на квалификациите за светското првенство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *