ЈУТА НЕЗАПИРЛИВИ, ДОНЧИЌ ГО СТАВИ ДАЛАС НА ГРБ

ЈУТА НЕЗАПИРЛИВИ, ДОНЧИЌ ГО СТАВИ ДАЛАС НА ГРБ

Кошаркарите на Јута започнаа нова низа победи и стигнаа до седум победи во низа откако славеа над Мемфис со 111:107. Конли беше најефикасен со 26 поени, а веднаш зад него беа Кларксон со 24 и Богдановиќ со 23 поени. Во редовите на Мемфис, Морант постигна 36 поени, но тоа не беше доволно за победа.

Далас постигнаа победа на гости во Бостон откако секој обид на Лука Дончиќ магично го наоѓаше кошот. Едноставно цела ноќ тој држеше гас и никако не ја пушти педалата, постигнувајќи 36 поени, 8 скокови и 5 асистенции во триумфот од 108:113 на Далас.

Лејкерс потфрлија против тимот на Милвоки, во чии редови беа расположени Холидеј и Антетукумпо. Холидеј постигна 28 поени, додека пак Џанис 25 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *