XIAOMI ВЛЕГУВА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

XIAOMI ВЛЕГУВА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

Кинеската компанија за смартфони, Xiaomi, вложува 10 милијарди долари со цел да го произведе својот прв електричен автомобил од сопствен дизајн. Тоа значи дека компанијата планира да го продолжи својот бренд и во други гранки.

Својот афинитет кон креирање поголемо портфолио за компанијата се проширува откако го прикажаа нивниот електричен тротинет. „Xiaomi“ електричниот автомобил ќе се произведува во компанијата „Great Wall“ како еден од најголемите производители на автомобили во Кина.

Се чини дека со ваквиот потег, кинеската компанија сака да му парира на „Apple“ имајќи предвид како ги следи нивните стапки на развој. Причина плус за оваа компарација е фактот што неодамна компанијата од Купертино најавија дека ќе лансираат електричен автомобил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *