ВИДЕО: БАЕРН БЕЗ ЛЕВАНДОВСКИ СЛАВИ ВО ДЕРБИТО СО ЛАЈПЦИГ!

ВИДЕО: БАЕРН БЕЗ ЛЕВАНДОВСКИ СЛАВИ ВО ДЕРБИТО СО ЛАЈПЦИГ!

Фудбалерите на Баерн Минхен победија на тешкото гостување кај РБ Лајпциг со 0-1 (0-1), во рамките на 27. коло од Бундеслигата. „Биковите“ со евентуален триумф во дербито ќе му пријдеа на Баерн на бод, но шампионот не дозволи такво нешто и се одлепи на +7.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Првиот дел во целост им припадна на баварците, беа подобар ривал и не му дозволија премногу игра на домаќинот. Тоа резултира со гол на Леон Горецка, во завршницата на полувремето по асистенција на Милер за 0-1. Покрај Горецка, близу до реализација беа и Сане и Чупо-Мотинг, ама Гулашчи си ја спаси мрежата.

Во вториот дел се разбуди и Лајпциг, тргнаа закани преку Сабицер, Олмо и Нкунку, но мрежата на Нојер мируваше. На спротивната страна шанса да ја удвојат предноста имаа младиот Музиала и Милер, ама ниту тие не погодија. Така, мечот заврши со единствениот погодок на Горецка за победа на Баерн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *