ИНТЕР ЧЕКОРИ КОН СКУДЕТО, ЛУКАКУ ЈА „РЕШИ“ БОЛОЊА (ВИДЕО)

ИНТЕР ЧЕКОРИ КОН СКУДЕТО, ЛУКАКУ ЈА „РЕШИ“ БОЛОЊА (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ги искористија киксовите на конкуренцијата и се одлепија на врвот на Серија А со триумфот над Болоња (0-1) на „Ренато Д’Алара“.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Откако денес Милан играше реми со Сампдорија (1-1) и Јувентус со Торино (2-2), Интер сега има осум бодови повеќе од Милан со меч помалку, а 12 повеќе од „старата дама“ со ист број натпревари.

Иако минималец, триумфот на „нераѕурите“ вреди три бодови што е најважно во овој дел од сезоната. Ромелу Лукаку беше човекот кој го постигна единствениот погодок, откако во 32. минута реализира за 0-1. Болоња на Михајловиќ се обиде да се врати, ама Интер рутински ја заврши својата работа и не дозволи изненадување.

Сега Интер е на седум победи во низа во Серија А, додека Скудетото е сега на чекор до „Џузепе Меаца“ и само чудо може да ги врати Милан и Јувентус во трката за титулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *