КАКО ИЗГЛЕДА СЕМЕЈНО БРОТЧЕ ВО СПОРЕДБА СО ЈАХТА ДОЛГА 150 МЕТРИ (ВИДЕО)

КАКО ИЗГЛЕДА СЕМЕЈНО БРОТЧЕ ВО СПОРЕДБА СО ЈАХТА ДОЛГА 150 МЕТРИ (ВИДЕО)

Мал семеен брод запловил покрај огромна мега-јахта проценета на околу 384 милиони фунти (530 милиони американски долари), што навистина изгледа како последното нешто што сакате да го направите на убав ден на морските води.


Ако го погледнете видеото, ќе забележите дека мега јахтата изгледа како крстосувач покрај помалиот брод, а е во сопственост на руски милијардер.

Над поголемиот брод, кој веројатно би можел да го блокира Суецкиот канал ако сака, има хелиодром и три одделни базени.

На другото бротче, кое и само по себе е луксуз како и да е, се наоѓало семејство кое било љубопитно и сакало да „ѕирне“ во животот на хајтата.

Credit: Newsflash

За жал, малку повеќе се приближиле и не можеле да избегнат судир.


Инцидентот се случил во вливот на Виго Рија во северо-западната провинција Галиција во Шпанија на 28 март.

Постојат спротивставени извештаи за тоа кој бил на малиот брод за време на инцидентот, но од снимката се чини дека е прилично јасно дека најмалку две од луѓето на бродот биле деца.

Credit: Newsflash

Видеото – кое беше поставено на социјалните мрежи – покажува како бродот доаѓа покрај јахтата долга 143 метри, а потоа се бори да се оттргне од него.

Другиот брод и не е баш мал иако изгледа како гумен чамец покрај овој масивен брод. Всушност се работи за брод долг околу шест или седум метри.

Сепак, и покрај првичните извештаи дека оставиле огромни гребнатини од страната, претставниците на сопственикот на јахтата потврдија дека семејството оставило само траги од боја во должина од еден метар.

Family Sails Boat Into The Side Of Russian Billionaire's £384 Million Mega-Yacht

Големата јахта, позната само како Едриличарска јахта А, е една од најголемите едрилици во светот, а има и ноќен клуб на бродот, како и сè што беше споменато претходно.

Во моментов е во Виго и чека поправки и подесување откако беше донесена од бродоградилиштето Навантија во Мурсија, јужна Шпанија.


Сопственост е на 49-годишниот Андреј Мелниченко, за кого се проценува дека вреди околу 13 милијарди фунти, според Форбс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *