Без разлика колку просечно „Call of Duty“ издание ќе извади „Electronic Arts“, оваа франшиза засекогаш ќе остане една од најиграните и финансиски најуспешните проекти во историјата на гејмингот. Милтиплеер аспектот е неодоливо заразен, па тука и „EA“ знае како да го извади финансискиот максимум од консументите.
Сега компанијата очигледно ја најде вистинската формула и за друга платформа, а тоа се паметните телефони, каде мобилната верзија на „Call of Duty“, верувале или не, минатата година заработила вртоглави 10 милијарди долари! Иако оваа бројка звучи неверојатно, сосема е логична со оглед на тоа што играта ја имаат симнато милијарди луѓе ширум светот. Имајќи предвид дека се работи за мобилна верзија, механиките на играта се перфектни, а графиката е и тоа како импресивна.
Call of Duty: Mobile беше објавена во 2019 година и во првата недела од објавувањето имаше повеќе од 100 милиони корисници.