ИРАН ПРОИЗВЕДЕ 55 КИЛОГРАМИ ЗБОГАТЕН УРАНИУМ

ИРАН ПРОИЗВЕДЕ 55 КИЛОГРАМИ ЗБОГАТЕН УРАНИУМ

Иран произведе 55 килограми ураниум кој е збогатен до 20 отсто, што е висок процент и навести дека може да постигне производство од 10 килограми месечно, соопштија денеска иранските власти.

Информацијата доаѓа ден откако беа одржани индиректни разговори помеѓу Техеран и Вашингтон за да најдат начин на заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, пренесува Глобал Тајмс.

Се смета дека ураниум збогатен за 20 отсто е високо збогатен ураниум и претставува чекор кон развивање на нуклеарно оружје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *