ЈОКИЌ НЕЗАПИРЛИВ, КАРИ ГО „НАПОЛНИ“ МИЛВОКИ

ЈОКИЌ НЕЗАПИРЛИВ, КАРИ ГО „НАПОЛНИ“ МИЛВОКИ

Српскиот центар, Никола Јокиќ, уште еднаш одигра беспрекорна партија за своите Денвер Натегс и ги однесе до значајна и убедлива победа против Детроит Пистонс со убедливи 134-119. Јокиќ за 27 минути постигна 27 поени, а имаше уште 11 асистенции и осум скока. Покрај него се истакна и Портер, кој имаше 25 поени и седум скокови, додека кај Пистонси најпрецизен беше Бартон со 24 поени. 

Стеф Кари блесна и го „наполни“ Милвоки Бакс во победата на Голден Стејт Вориорс од минимални 122-121. Кари средбата ја заврши со 41 поен, шест скока и четири асистенции, додека кај Милвоки Холидеј постигна 29.

На другите средби, Лос Анџелес Лејкерс без своите главни ѕвезди славеше против Торонто, Чикаго беше поуспешен на гости кај Индијана, Атланта славеше над Њу Орлеанс, а Мајами Хит загуби на свој терен од Мемфис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *