КЛОП СО КРИТИКА ДО СУДИЈАТА: НЕ ЗНАМ КАДЕ ГЛЕДАШЕ!

КЛОП СО КРИТИКА ДО СУДИЈАТА: НЕ ЗНАМ КАДЕ ГЛЕДАШЕ!

Откако вчеравечер Реал Мадрид рутинирано го победи Ливерпул со 3:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп упати критика до судијата Феликс Брих кој одби да досуди фаул пред вториот гол на Реал, кога Васкез го подбутна Мане.

„Таа ситуација со Мане…Морам да кажам дека не разбирам што судијата гледаше. Тоа беше чист прекршок над Мане, но судијата кон него се однесуваше како секогаш да симулира. Секој следен пат кога Мане ќе паднеше судијата ништо не судеше. Не беше праведен, му го кажав тоа и после натпреварот. Сепак, ништо нема да се промени. Како и да е и ние вечерва не бевме на потребното ниво“, изјави Клоп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *