МАРАЈА КЕРИ НА КОМИЧЕН НАЧИН ЈА ДОКУМЕНТИРАШЕ СВОЈАТА ВАКЦИНАЦИЈА (ВИДЕО)

МАРАЈА КЕРИ НА КОМИЧЕН НАЧИН ЈА ДОКУМЕНТИРАШЕ СВОЈАТА ВАКЦИНАЦИЈА (ВИДЕО)

За да влеат надеж и храброст во фановите ширум светот, честопати популарни холивудски и музички ѕвезди се вакцинираат јавно пред камерите и упатуваат утешни пораки до своите обожаватели.

Истото го стори и музичката дива Мараја Кери која што на Инстаграм го документираше своето вакцина-искуство.

52-годишната пејачка на комичен и забавен начин, прво изгледаше навидум исплашена и испаничена од вакцината, а кога персоналот ја инјектираше во раката, таа го испушти својот препознатлив висок тон, мелозвучен крик со кој се прослави во музичката кариера.

Со своето видео во стилот на вистинска поп дива, Мараја успеа да насмее многу фанови, но и познати личности од холивудската и музичката индустрија. На крајот даде порака до сите дека целиот свет е заедно во овој предизвик и дека нашиот придонес во борбата со овој непријател е вакцинацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *