НАНТ ГО ИСФРЛИ КИЕЛЦЕ ОД ЛШ, ЛАЗАРОВ СТАНА РЕКОРДЕР ПО НАСТАПИ ВО ЕВРОПА!

НАНТ ГО ИСФРЛИ КИЕЛЦЕ ОД ЛШ, ЛАЗАРОВ СТАНА РЕКОРДЕР ПО НАСТАПИ ВО ЕВРОПА!

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска со својот последен настап за Нант, стана играчот со највеќе настапи во историјата на најелитното ракометно европско натпреварување, забележувајќи дури 250 натпревари под својот појас.

Легендата вечерва против Кјелце беше витален дел од победничката сложувалка која го исфрли полскиот фаворит од четвртфиналето со победата од 31-34, запишувајќи 4 гола и неколку клучни асистенции, кои во вистински момент го скршија отпорот на противникот.

Сега Арпад Штербик на вечната листа ракометари со најмногу настапи останува втор, третото место му припаѓа на Тиери Омејер со 240 настапи, потоа следат Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214)…

Лазаров е рекордер и по бројот на одиграни сезони, вкупно 20, а го држи и рекордот по број на постигнати голови во ЛШ.

Доколку Вардар направи речиси невозможно чудо и го исфрли Веспрем, од кого загуби со 14 разлика на првата средба, тогаш Нант и Лазаров ќе бидат следната пречка на патот на македонскиот првак во походот по нова европска круна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *