НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА КОНСУМИРАМЕ ПОВЕЌЕ СПАНАЌ

НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА КОНСУМИРАМЕ ПОВЕЌЕ СПАНАЌ

Спанаќот припаѓа на семејството chenopodiaceae, каде припаѓаат и цвеклото, блитвата и киноата. Има сличен вкус со овие зеленчуци, комбинирајќи ја горчината на зелената репка и малку солениот вкус на блитвата.

Зошто треба да консумираме редовно спанаќ?

  1. Може да помогне во одржување на здравјето на очите
    Темно зелената боја на листовите од спанаќ укажува на тоа дека тие содржат високо ниво на хлорофил и каротеноиди кои го промовираат здравјето, вклучувајќи бета каротен, лутеин и зеаксантин. Освен што се антиинфламаторни и антиканцерогени, овие фитонутриенти се особено важни за здрав вид на очите, помагајќи да се спречи дегенерација на макулата и катаракта.
  2. Ја зголемува вашата енергија
    Спанаќот долго време се сметаше како растение кое може да ја врати енергијата, да ја зголеми виталноста и да го подобри квалитетот на крвта. Постојат добри причини за ова, како што е фактот дека спанаќот е богат со железо. Овој минерал игра централна улога во функцијата на црвените крвни клетки кои помагаат во транспортот на кислород низ телото, го поддржува производството на енергија и синтезата на ДНК.
  3. Здравје на срцето
    Спанаќот, како цвеклото, е природно богат со соединенија наречени нитрати. Овие можат да помогнат во подобрување на протокот на крв и притисок со опуштање на крвните садови, намалување на артериската вкочанетост и нивно проширување. Намалувањето на крвниот притисок помага да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Студиите сугерираат дека храната богата со нитрати, како спанаќот, исто така може да помогне во преживување на срцев удар.
  4. Здрави коски
    Спанаќот е одличен извор на витамин К, како и извор на магнезиум, калциум и фосфор. Овие хранливи материи се важни за одржување на здравјето на коските.
  5. Го штити организмот од болести
    Спанаќот е „натоварен“ со заштитни соединенија наречени полифеноли. Студиите сугерираат дека заедно со својата витаминска содржина овие соединенија можат да промовираат својства за заштита од рак. Студиите врз животни сугерираат дека вклучување на спанаќ во исхраната може да заштити од рак на дебелото црево.

Дали спанаќот е безбеден за секого?


Спанаќот е безбеден за повеќето луѓе, иако има некои индивидуи кои треба да бидат претпазливи. Спанаќот содржи голема количина на оксалат, поради оваа причина луѓето со историја на камења во бубрезите треба да ја минимизираат неговата консумација.

Оние кои земаат лекови за разредување на крв треба да размислат за внесот на витамин К. Типично, советот, додека го земате овој лек, е дека треба да имате постојано приближно иста исхрана. Како и да е, проверете кај вашиот матичен лекар пред да направите какви било значајни промени во вашата исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *