ПО НАТПРЕВАРОТ ОД ЛШ, СУДИЈАТА МУ БАРАШЕ АВТОГРАМ НА ХАЛАНД ВО ТУНЕЛОТ

ПО НАТПРЕВАРОТ ОД ЛШ, СУДИЈАТА МУ БАРАШЕ АВТОГРАМ НА ХАЛАНД ВО ТУНЕЛОТ

Манчестер сити славеше против Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Автори на победата на „граѓаните“ беа Де Брујне и Фил Фоден кои брилјираа на оваа средба, додека пак за „милионерите“ во листата на стрелците се запиша клупската легенда, Марко Ројс.

Еден интересен момент беше регистриран од камерите по завршувањето на натпреварот, кога во тунелот, помошник судијата одлучи да го замоли Ерлинг Халанд за автограм.

Ваквиот потег помалку ги збуни фудбалските аналитичари во Европа затоа што е далеку од професионален чин, иако кога се работи за желба на децата, апсолутно сè е оправдано.

аланд не го одби, па на крајот и го прегрна, но стручните коментари на БТ Спорт, беа вчудоневидени.

„Судиите беа лоши на овој натпревар, а ова по мечот воопшто не изгледа добро. Можеш да бидеш нечиј обожавател, но не смееш тоа да го правиш пред другите играчи“ – истакна Овен Харгривс, а поранешниот фудбалер на Сити, Лескот дополни.

„Никогаш не е вистинско време судијата да бара автограм од фудбалер. Судиите во тој момент не изгледаат баш најдобро. Ова беше детски потег“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *