ПОБЕДА ЗА ПАРИШКИТЕ ПРИНЦЕВИ НА СНЕЖНАТА НОЌ ВО МИНХЕН, ЧЕЛЗИ СО УБЕДЛИВА ПРЕДНОСТ ОДИ НА РЕВАНШ

ПОБЕДА ЗА ПАРИШКИТЕ ПРИНЦЕВИ НА СНЕЖНАТА НОЌ ВО МИНХЕН, ЧЕЛЗИ СО УБЕДЛИВА ПРЕДНОСТ ОДИ НА РЕВАНШ

Вечершната програма во Лигата на шампионите ги понуди највозбудливиот и можеби најздодевниот натпревар оваа сезона.

Баерн Минхен и ПСЖ приредија вистински спектакл , од кој како победници излегоа парижаните, кои со победата од 2-3 стекнаа голема предност за реванш натпреварот на „Паркот на принцовите“.

Иако „баварците“ беа оние кои притискаа и доминираа во текот на средбата, момците на Покетино беа оние кои знаеја како да ги егзекутираат зададените прилики, особено преку молњевито брзите контри во продукција на Мбапе и Нејмар. Уште во 3. минута ПСЖ поведе преку Мбапе, на асистенција на феноменалниот Нејмар кој помина низ секоја дупка која ја остави одбраната на Баерн и му ја сервираше топката на Французинот, кој силно биеше директно во Ноер, кој не успеа да го скроти ударот.

Champions League: Ice-cold Mbappe leaves Bayern Munich with mountain to  climb | Sports| German football and major international sports news | DW |  07.04.2021

Додека тимот на Ханс Флик редеше пропуштени „зицери“, ПСЖ поведе со 0-2, откако во 28. минута Нејмар запиша втора асистенција, испраќајќи „топка со очи“ до Маркињос, кој непогрешливо реализираше во дуелот еден на еден со Ноер.

Пред крајот на првиот дел, Баерн ја намали предноста на гостинот преку нивниот минатогодишен напаѓач, Чупо Мотинг, кој со глава биеше неодбранливо во долниот десен агол на Кејлор Навас.

„Баварците“ второто полувреме го започнаа со еднаков интензитет, притисок и желба како и првото, а таквиот пристап вроди со плод во 60. минута, кога конечно Томас Милер, после неколку шанси, биеше прецизно, овој пат со глава, повторно во долниот десен агол на Навас за израмнување на 2-2.

Сепак, радоста кратко траеше, затоа што само 8 минути подоцна, брзоногиот експресен французки „воз“, Мбапе, ја измеша одбраната на „Баварците“ и биеше низ нозете на Боатенг за нова предност на паришките принцеви.

Bay Munich 2 - 3 PSG - Match Report & Highlights

До крајот домаќинот не престана да притиска, упатувајќи речиси 30 удари кон голот на Навас, но во најважните моменти одбраната на ПСЖ беше консолидирана, што им донесе витална победа и три гола нагости, кои ќе бидат од исклучителна важност за реванш средбата во Париз.

Од Порто и фудбалските експерти и аналитичарите очекуваа повеќе, но домаќинот не испорача на „номинално“ домашниот терен „Санчез Писхуан“. Домаќинот упати јалови 12 удари кон противничкиот гол, од кој 5 одеа во рамките, додека пак гостите од Лондон,од 3 удари, успеаја да реализираат два и со 0-2 расположено заминаа дома, чекајќи го реванш натпреварот кој ќе се одигра на неутрален терен во Севиља. За Челзи стрелаа Мејсон Маунт и Бен Чилвел, од кои првиот беше маестрално егзекутиран, по што многумина потегот на младиот Маунт го споредија со „летечкиот Холанѓанец“, Денис Бергкамп, во чија продукција се некои од најимпресивните индивидуални голови во историјата на Премиер Лигата.

Porto vs Chelsea: Five things we learned as Blues bounce back with  first-leg victory in Champions League | The Independent

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *