САД ПЛАНИРА ДА ГИ БОЈКОТИРА ЗОИ ВО ПЕКИНГ

САД ПЛАНИРА ДА ГИ БОЈКОТИРА ЗОИ ВО ПЕКИНГ

Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент, изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкота ЗОИ во Пекинг наредната година.

„Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време пред игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек“, изјави Прајс за „ЕСПН“

ЗОИ во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. Причината за можниот бојкот на САД е кршењето на правата на Ујгурите, како и на жители на Монголија и Тибет. На 6. февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *