ШЕРОН СТОУН МУ ГО ПЛАТИЛА ХОНОРАРОТ НА ДИ КАПРИО ЗА ДА ГЛУМИ СО НЕА

ШЕРОН СТОУН МУ ГО ПЛАТИЛА ХОНОРАРОТ НА ДИ КАПРИО ЗА ДА ГЛУМИ СО НЕА

Една од најквалитетните холивудски актерки, Шерон Стоун, во својата книга „The Beauty of Living Twice“ открива дека во 1995 година таа самата го платила хонорарот кој требал да го добие младиот Леонардо Ди Каприо, од причина што студиото одбивало да го земе предвид за улогата во филмот „The Quick and the Dead“. На своевиден начин, Шерон Стоун е еден од двигателите на успешната кариера на маестралниот Ди Каприо.

Во периодот од неговиот прв филм „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година, па до „Титаник“, снимен во 1997 година, Леонардо Ди Каприо, иако веќе номиниран за Оскар, не можел да ја добие улогата во филмот

Ди Каприо имал беспрекорна аудиција и Шерон Стоун не дозволувала друг избор за неговата улога, освен самиот Леонардо. Сепак, студиото „Тристар“ одбило да го ангажира и плати актерот.

„Ми рекоа тогаш дека секогаш си пукам во својата нога и дека тие не се сигурни дали Леонардо би бил добар избор, иако ги молев да го ангажираат. Подоцна ми рекоа сама да го платам, доколку толку го сакам во филмот, па јас токму тоа и го сторив“ – вели Шерон.

Слично било и со режисерот Рејми, за кој студиото верувало дека е лоша класа на режисер.

„Ги убедував дека е добар и дека ќе работи речиси за џабе, бидејќи тој само сакаше да биде дел од овој проект. На крајот, тие се согласија и со тоа“  вели Шерон Стоун.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *