СКОК ОД ТРИ МЕСТА НА ФИФА РАНГ ЛИСТАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

СКОК ОД ТРИ МЕСТА НА ФИФА РАНГ ЛИСТАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Триумфот на Македонија над големата Германија ѝ обезбеди на македонската фудбалска репрезентација напредок од три позиции на последната ФИФА ранг листата. Од 65. место, Македонија дојде на 62. позиција.

Победата над Лихтенштајн имаше своја улога исто така, како и поразот од Романија. Од противниците на ЕП, најдобро котира Холандија која е на 16. место со пад од две места, Австрија е 23., Украина е едно место подолу од Австријците.

Во првите десет и понатаму се наоѓаат Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *