НАРОДОТ НЕМА ПАРИ, А ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА ТРИ ДЕНАРИ!

НАРОДОТ НЕМА ПАРИ, А ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА ТРИ ДЕНАРИ!

По втор пат промена на цените на горивата во последниве 3 дена, а новите цени доаѓаат по изгласувањето на измените во Законот за акцизи.

Со новото поскапување РКЕ изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на Еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на Еуросуперот БС-98 ќе биде 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *